Амбасада на Република Северна Македонија во Австрија

Најнови вести

Телефонски разговор Исаки- Тифентал

Денес, 22 јули, заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, оствари телефонски разговор со ГС за надворешни работи во австриското министерство за европски и меѓународни работи, Петер Лански-Тифентал. Соговорниците ги поздравија одличните политички и економски односи меѓу Северна Македонија и Австрија и ја истакнаа подготвеноста на двете страни за динамизирање на соработката и во останатите области. Во разговорот најмногу простор беше отстапен на перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја.Во овој контекст, заменик министерката Исаки се заблагодари за континуираните напори на австриското министерство за европски и меѓународни работи и на австриската влада, за забрзување на процесот на европската интеграција на нашата земја и на регионот во целина. Главна тема на разговор беше подготвеноста од Австриската Влада за донација на вакцините.

Скопје, 22 јули 2021

Министерот Османи ја претстави МКартата, наменета за наши истакнати личности во странство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес на конференција за новинари го претстави проектот МКАРТА, наменета за поединци со потекло од Република Северна Македонија, како симболично признание за нивниот несебичен ангажман во насока на промоција на државата надвор од нејзините граници. МКартата претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на Северна Македонија во странство, нагласи Османи. „Како нивна родна земја сакаме да им изразиме благодарност, би рекол на симболичен начин - да им вратиме, да им ја компензираме нивната улога на промотори на земјава, преставувајќи не како земја од која доаѓаат успешни и квалитетни луѓе“,  додаде тој. „Во еден подолг минат период, голем број луѓе не само што ја имаат напуштено земјата, туку и имаат остварен посебен истакната професионален и општествен успех таму каде што се наоѓаат. Тоа се успешни доктори, научници, бизнисмени, културни работници итн., кои сакаме да ги привлечеме кон земјава, да им ја зајакнеме врската и да создадеме потенцијал за нивно поблиско вклучување во нашите општествени текови„, истакна Османи. Идејата е таквите поединци да бидат дел од една поширока мрежа која подлабоко би била вклучена во општествените текови во државата. Целиот процес поврзан со МКартата ќе го координира Министерството за надворешни работи. Со картата ќе се добијат и одредени бенефиции, како слободен влез на културни настани, музеи и галерии, би се добило предност при аплицирање за проекти во рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, олеснето регулирање на престој во државата и поддршка во случај на нови бизниси кои се ствараат и слично. Во соработка со други Владини ресори, се работи на проширување на листата на погодности. Планирано е детектирањето на таквите личности да го започнат дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во странство, а доделувањето ќе се реализира во строго предвидена процедура водена во рамките на Министерството за надворешни работи.

Османи со економските советници во посета на општините

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со економските советници, кои во рамките на економската дипломатија се назначени да отпатуваат за Вашрава, (Вишеградската група), Минхен (Германија и Австрија), Анкара за Турција и Абу Даби заОАЕ и другите земји од Заливот,  денес ја посети општина Тетово. Освен претставниците на локаната власт, беше остварена посета и на слободната економска зона во Тетово, фабриката за млеко и млечни производи Алпи Милк како и други места со економски и туристички потенцијал. Преку оваа посета ги разгледавме можностите, потенцијалите но и потребите кои ги има локалната власт за да можеме преку економската дипломатија и преку економските советници да придонесеме за понатамошен развој и привлекување на инвестиции, зголемување на извозот и промоција на туризмот“, истакна Министерот Османи, додавајќи дека во последните години општините имаат зголемени надлежности, особено во управувањето со државното земјиште и затоа е потребна поблиска меѓусебна соработка која ќе придонесе за поголема промоција на локалните потенцијали. Османи посочи на поширокиот план за посети од страна на претставниците на економската дипломатија на повеќе поголеми општини.   Покрај денешната посета на Тетово, слични посети веќе се предвидено во повеќето поголеми градови на земјата, продолжувајќи со Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Крушево, Кавадарци, Штип, Виница, Берово, Струмица, Дојран и Гевгелија. Целта на овие посети и среди е економските советници да стекнат поблизок однос со регионалните бизнис потреби, да добијат попрецизна слика за потребите на општините, да се запознаат одблиску со нивните капацитети за зголемување на извозот, можностите за странски инвестиции како и развој на туризмот. Инаку, економските советници досега следеа три фази на подготовка и ова е последната фаза. Првично имаа подготовки во рамките Министерството за надворешни работи, потоа ги посетија и имаа консултации со сите релевантни министерства и институции поврзани со економијата на централно ниво, а во третата фаза имаа теоретски предавања од еминентни професори по економија. Оваа последната фаза предвидува посета на општините и запознавање со можностите и потребите на локалната самоуправа.

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола