МНР силно го осудува синоќешниот терористички напад во Виена

03 ноември 2020

Силно го осудуваме синоќешниот терористички напад во Виена. Тоа е трагичен удар за еден од најбезбедните градови во Европа. Ја споделуваме болката со нашите австриски и европски пријатели. Тероризмот не признава ниту нација, ниту религија, ниту потекло, и ние строго го осудуваме овој терористички чин, без разлика од кого е сторен. Изразуваме сочувство до семејствата и граѓаните на Австрија и застануваме покрај нив во овие тешки моменти. Република Северна Македонија и како членка на НАТО, и како земја – кандидат за членство во Европската Унија, активно придонесува кон меѓународната коалиција за борба против тероризмот од било каков вид.

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија