Телефонски разговор Исаки- Тифентал

23 јули 2021

Денес, 22 јули, заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, оствари телефонски разговор со ГС за надворешни работи во австриското министерство за европски и меѓународни работи, Петер Лански-Тифентал.

Соговорниците ги поздравија одличните политички и економски односи меѓу Северна Македонија и Австрија и ја истакнаа подготвеноста на двете страни за динамизирање на соработката и во останатите области.

Во разговорот најмногу простор беше отстапен на перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја.Во овој контекст, заменик министерката Исаки се заблагодари за континуираните напори на австриското министерство за европски и меѓународни работи и на австриската влада, за забрзување на процесот на европската интеграција на нашата земја и на регионот во целина.

Главна тема на разговор беше подготвеноста од Австриската Влада за донација на вакцините.

Скопје, 22 јули 2021