Што треба да направам ако моето дете е родено во странство?


Доколку детето нема матичен број, потребно е прво да го пријавите во Книга на родените во Македонија, со што би добило македонски Извод на родените и македонски матичен број. Најбрзата опција за да го пријавите детето е доколку ополномошните (двајцата родители) некого во Македонија да може да го запише детето. Полномошното можете да го направите лично во македонската Амбасада, потребно е присуство на двајцата родители со пасошите, копија од пасошот на лицето од Македонија кое ќе го запише детето и австриски Извод на родените од детето.

 

Откако ќе добиете Извод на родени можете да поднесете барање за нов пасош. Процедурата трае околу два месеци, во нормални услови. Потребно е да испратите копија од Изводот на родени по емаил и формуларот во прилог потполнет со податоци за лицето кое поднесува барање.

 

Последно ажурирање: 29 април 2022