Кои се потребни документи за добивање на патна исправа за малолетни лица ?


- Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето,

- Наплата на конзуларна такса

- Се приложува оригинал македонски Извод од Матична книга на родени и пасош (доколку детето поседува пасош)

- Лична карта (на двајцата родители) 

- Доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство.

 

Последно ажурирање: 06 април 2022