Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија се воспоставени на 23.12.1994 година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Договор за реорганизација на долговите меѓу Владата на Република Македонија и Австриската контролна банка АГ Виена, која дејствува како агент на Република Австрија, во согласност со измените и дополнувањата на Законот за гаранции за извоз од 1981 година“
- склучен во Виена, на 16 февруари 1996 година
- во сила од 3 октомври 1996 година
2. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонската Влада и Австриската Сојузна Влада“
- склучена во Грац, на 8 ноември 1996 година
- во сила од 1 август 1997 година
3. „Македонско-австриска конвенција за социјално осигурување“
- склучена во Скопје, на 28 февруари 1997 година
- во сила од 1 април 1998 година
4. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Република Австрија за меѓународен превоз на стоки“
- склучена во Берлин, на 21 април 1997 година
- во сила од 1 март 2001 година
5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Австриската Сојузна Влада за стопанска, земјоделска, индустриска, техничка и технолошка соработка“
- склучена во Скопје, на 6. Јуни 1997 година.
- во сила од 1 јули 1998 година
6. „Договор меѓу Република Македонија и Република Австрија за поттикнување и заштита на инвестиции “
- склучена во Виена, на 28 март 2001 година.
- во сила од 14 април 2002 година
7. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Република Австрија за превземање на лица со незаконски престој“
- склучена во Виена, на 05 мај 2006 година
- во сила од 1 февруари 2007 година
7а) Протокол за спроведување на Договорот
-
- потпишан во Скопје на 24 јуни 2010
- стапи во сила на 18 јули 2011 година.
8. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка“
- склучена во Скопје,на 23 јули 2007 година
- во сила од 1 ноември 2008 година
9. „Договор меѓу Република Македонија и Република Австрија за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал“
- склучен во Скопје, на 10 септември 2007 година
- во сила од 20 јануари 2008 (се применува на даноците од 1 јануари 2008 година)
10. „Договор меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Сојузниот министер за внатрешни работи на Република Австрија за полициска соработка“
- склучен во Брдо кај Крањ, Словенија, на 25 јануари 2008 година
- во сила од 1 јануари 2009 година
11. “Спогодба помеѓу Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија и Сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Република Австрија за развојна соработка'
- склучена во Скопје, на 22 јануари 2010 година
- во сила од 1 јули 2010 година
12. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за соработка во областа на културата“
- склучена во Виена на 19 октомври 2010 година
- во сила од 1 август 2011 година
13. „Спогодба меѓу Австриската федерална влада и Владата на Република Македонија за размена и заемна заштита на класифицирани информации“
- склучена во Виена на 26 јуни 2018 година
- во сила од 1 јануари 2019 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Австриската сојузна Влада за укинување на обврската за визи за носители на дипломатски пасоши“
- склучена на 24 мај 1997 година, склучена со размена на ноти
2. „Спогодба меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Сојузното Министерство за надворешни работи на Република Австрија за уредување на договорната состојба“
- склучена со размена на Ноти на 24 април 1997 година
3. „Договор за соработка меѓу Државниот Архив на Република Македонија и Државниот Архив на Австрија“
- склучен на 11 мај 1999 година.
4. „Договор за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и на Република Австрија“
- склучен на 06.11.2009 година
5. „Спогодба меѓу Министерот за здравство на Република Македонија и Сојузниот министер за социјална сигурност и заштита на потрошувачите на Република Австрија за надоместување на трошоци преку паушални плаќања“
- склучена на 28 јуни 2002 година
5a. Дополнителна спогодба кон Спогодбата за надоместување на трошоци преку паушални плаќања
-
- склучена во Скопје на 1 октомври 2008 година
6. „Спогодба меѓу министерството за одбрана на Република Македонија и Сојузниот Министер за одбрана на Република Австрија “
- склучена во Скопје на 9 мај 2006 година
7. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Австриската Сојузна Влада за укинување на визниот режим за носители на службени и дипломатски патни исправи“
- склучен во Виена, на 28 декември 2006 година
- во сила од 1 март 2007 година
8. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Сојузното министерство за внатрешни работи на Република Австрија“
- склучен во Виена, на 6 ноември 2009 година
9. „Протокол за првата седница на Мешовитата македонско – австриска комисија за соработка во областа на културата, науката и образованието“
- потпишан во Скопје, на 22 мај 2012 година
- на 22 мај 2017 година протекол рокот за кој истиот се склучува предвиден во чл.46 од Протоколот
10. „Меморандумот помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Сојузното министерство за труд, социјални прашања и заштита на потрошувачи на Република Австрија“
- потпишан во Виена на 29.09.2014 година
11. „Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за заштита на личните податоци, Република Македонија и Органот за заштита на личните податоци, Република Австрија“
- потпишан на 12.06.2015 година
12. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Сојузното министерство за внатрешни работи на Република Австрија“
- потпишан во Виена на 18.01.2019 година
13. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Сојузното министер за транспорт, иновацији и техкнологија на Република Австрија“
- потпишан во Виена на 20.03.2015 година
Преглед на важечките спогодни преземени со сукцесија
1. „Договор за заемен правен сообраќај меѓу ФНРЈ и Република Австрија, со дополнителен Протокол“
- склучен на 16.12.1954 година
2. „Спогодба меѓу ФНРЈ и Република Австрија за взаемно признавање и извршување на одлуките на избраните судови и порамнувањата склучени пред избраните судови во трговските работи“
- склучена на 18.03.1960 година
- во сила од 16.05.1961 година
3. „Спогодба меѓу ФНРЈ и Република Австрија за взаемно признавање и извршување на одлуките за издршка“
- склучена во Виена, на 10.10.1961 година
- во сила од 24.12.1962 година
4. „Спогодба меѓу ФНРЈ и Република Австрија за еквиваленција на свидетелствата за завршен испит за средни школи“
- склучена во Белград на 27.03.1974 година.
- во сила од 18.09.1976 година
5. „Спогодба меѓу СФРЈ и Република Австрија за административна соработка во царинските работи и взаемна поддршка во борбата против злоупотребата на царинските прописи“
- склучена во Белград на 15.03.1978 година.
6. „Спогодба меѓу СФРЈ и Република Австрија за еднаквост во областа на универзитетите“
- склучена на 29 јануари 1979 година.
- во сила од 1.12.1980 година
7. „Договор меѓу СФРЈ и Република Австрија за меѓусебно извршување на судски одлуки во кривичните работи“
- склучена во Белград, на 1. 02. 1982 година.
8. „Договор меѓу СФРЈ и Република Австрија за правна помош во кривичните работи“
- склучена во Белград, на 01. 02. 1982 година.
- во сила од 01.01.1984 година
9. „Договор меѓу СФРЈ и Република Австрија за екстрадиција“
- склучена во Белград 01. 02. 1982 година.
- во сила од 01.01.1984 година
10. „Спогодба меѓу СФРЈ и Република Австрија за заемна заштита и потикување на вложувањата“, склучена во Белград на 25.10.1989.
(оваа Спогодба не е во важност по стапувањето во сила на Договорот за поттикнување и заштита на инвестициите меѓу Република Македонија и Република Австрија, но се применува за инвестициите кои подлежат на решавање на спорови според оваа спогодба до решавање на спорот).
- склучена во Белград на 25.10.1989 година.
- во сила од 1.06.1991 година